Ви претставуваме: Мултипарк Изаири

По направените анализи и подготовки, семејството Изаири одлучува кон крајот на 2020 година да ја основа фирмата Мултипарк Изаири, која првично ќе се занимава со производство на бакарни жици, а подоцна и на цевки.

На почетокот се инвестираше во земјиште, инфраструктура и во изградбата на објектот, додека во 2021 година беше реализирана набавката на производствената линија, која е најнова технологија, прва и единствена во Македонија.

Производот ги задоволува највисоките европски и светски стандарди и со гордост можеме да кажеме дека првите резултати од анализите направени во најпознатите лаборатории, во земјата и во Европа се одлични.

Иако компанијата започна со производство, пред само неколку месеци, за многу кратко време успеавме да навлеземе на пазарот во земјата, регионот и Европа.

  Бакарните жици се користаат во многу индустрии но повеќе за:

  • Пренос и дистрибуција на електрична енергија.
  • Во голем број на електрични уреди.
  • Во последно време тие се многу важен елемент во производството на опрема за ладење и греење како и
  • Во автомобилската и фотоволтаичната индустрија.

Досегашната инвестиција достигна околу 3,2 милиони евра, а стратешкиот план на инвеститорите е да продолжат уште понатаму со дополнителни инвестиции. До крајот на 2026 година се планира да се инвестираат околу 26 милиони евра.

Во текот на две години колку што траеше инвестицискиот проект,  голем број експерти беа ангажирани како од Македонија така и од Австрија, Германија и Финска.

Во исто време имавме безрезервна поддршка како од локалната така и од централната власт, но и од бизнис заедницата како во земјата така и од странство. 

Извор: Мултипарк Изаири

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Property One Furniture

Дозволете Molto Luce да го трансформира вашиот простор во елегантен и функционален амбиент, креирајќи пријатна атмосфера што ќе…