Во пресрет на 100 годишниот јубилеј Пивара Скопје инвестира во нов деловен простор

default

Во пресрет на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје отвори нов деловен простор за вработените. Со ова започна реализацијата на новиот инвестициски циклус со кој компанијата во наредните две години ќе ги удвои досегашните вложувања во својот одржлив развој.
Новите канцеларии се рефлексија на богатото наследство и традиција на Пивара Скопје, а се изградени и опремени по најсовремени стандарди и технолошки трендови. Посебно внимание е посветено на заштитата на безбедноста и здравјето на сите што ќе престојуваат во нив, имајќи ги предвид новите услови на работа предизвикани од Ковид-19 пандемијата.

„Вработените се клучни за успехот на Пивара Скопје и затоа нашата визија е да инвестираме во проекти кои ќе ја поттикнат креативноста, дружењето и заедништвото на нашите вработени. Веруваме дека ова е една од највредните инвестиции во натамошниот одржлив развој на компанијата“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, кој најави отворање на новиот деловен простор и за потребите на заедницата.

„Нешто на кое сме особено горди е што овие современи деловни простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе добро препознатливите програми како ‘Youth Empowered’ и ‘Coke Summership’, планираме да иницираме и нови проекти кои ќе бидат насочени кон натамошно зголемуваме на кративениот и иновациски потенцијал што постои во земјата“, потенцираше Сладиќ.

На првиот ден во новите канцеларии добредојде на вработените во Пивара Скопје им посакаа и амбасадорите на САД, Грција и Хрватска, заменик амбасадорот на Холандија, како и премиерот Зоран Заев.

Посебен фокус во развојот на Пивара Скопје во следниот период ќе биде ставен и на одржливоста, преку вложувањата во заштита на природните ресурси и имплементација на ефективни програми за управување со отпадот. Се очекува новите инвестиции да ѝ овозможат на Пивара Скопје да продолжи со својот одржлив развој, а преку тоа да придонесе за растот и развојот на домашната економија и на заедницата во целина.

Повеќе информации на www.polnacasa.mk

Извор: Пивара Скопје/Имиџ ПР

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ДХЛ анкета за онлајн купувачи: 95% од онлајн купувачите го откажуваат купувањето ако нивната посакувана опција за испорака не е достапна

DHL e-Commerce го објави своето прво глобално истражување за онлајн купувачи кое ги покрива главните глобални пазари во…