ДХЛ Експрес ја лансира услугата GoGreen Plus

GoGreen Plus е дел од програмата за одржливост на Deutsche Post DHL Group, која има за цел постигнување на нула нето емисии на штетни гасови до 2050 година.

ДХЛ Експрес го објави лансирањето на GoGreen Plus, нова услуга која ќе им овозможи на клиентите да ги намалат емисиите на јаглерод со употреба на одржливо авионско гориво, при транспорт на нивните пратки. Ова е новитет помеѓу глобалните курирски компании за авионски експресен транспорт и првично ќе биде лансиран во Англија, набргу потоа во Италија, Данска, Шведска, Канада, Австралија, Јужна Африка и Обединетите Арапски Емирати. Почнувајќи од овој месец, клиентите со седиште во овие земји ќе имаат можност да ја изберат услугата GoGreen Plus при избор на транспортни услуги во MyDHL+, онлајн платформата за испорака и следење на пратки. Услугата е дизајнирана да биде целосно флексибилна бидејќи може да се избере за поединечни пратки.

GoGreen Plus услугата ќе стане достапна за сите корисници на ДХЛ Експрес, на глобално ниво во текот на следните месеци, при што клиентите ќе имаат можност да го прилагодат нивото на намалување на емисијата на штетни гасови, кое сакаат да го постигнат, како и количината на одржливо авионско гориво кое сакаат да го користат.

Новата услуга GoGreen Plus е овозможена по неодамнешната соработка на ДХЛ со BP и Neste, за снабдување со одржливо авионско гориво на сортирните центри на ДХЛ Експрес низ целиот свет. Обновливиот дел од иновативното гориво се произведува од отпадни масла. Таквото одржливо авионско гориво, од отпад и остатоци, може да обезбеди намалување на емисиите на стакленички гасови до 80 проценти во текот на неговиот животен циклус, во споредба со конвенционалното млазно гориво, кое го заменува.

Џон Пирсон, извршен директор на ДХЛ Експрес, вели: „Свесни сме дека нашите клиенти се посветени на намалување на нивното влијание врз животната средина, па затоа е важно да им дадеме средства за да ги остварат своите цели. Ни претставува задоволство што нашите инвестиции во одржливото авионско гориво сега можат целосно да бидат искористени од страна на клиентите, за да им помогнат да ги намалат емисиите при транспортот на нивните пратки. Одржливото авионско гориво моментално е примарна насока за намалување на емисиите на јаглерод во авионскиот транспорт, така што ова е најефективниот начин да им помогнеме на нашите клиенти да своите сопствени синџири на снабдување ги направат поодржливи.”

Иницијативата за имплементирање „Insetting” преку GoGreen Plus им овозможува на клиентите да ги намалат нивните емисии од oпсег 3, индиректните емисии на стакленички гасови што се јавуваат во синџирот на вредности на компанијата, вклучувајќи го транспортот и дистрибуцијата. За разлика од иницијативите за неутрализирање, GoGreen Plus (иницијатива за имплементираање) ги намалува емисиите во логистиката и тоа може да се користи за известување за емисиите на штетните гасови на клиентите на DHL и ја следи филозофијата на научна целна иницијатива (SBTi).

Услугата GoGreen Plus е дел од програмата за одржливост на Deutsche Post DHL Group, која има за цел постигнување на нула нето емисии до 2050 година. Таа придонесува за привремената цел за користење на 30 проценти авионско одржливо гориво за целиот авионски транспорт до 2030 година. Во согласност со својата мапа за одржливост, групацијата Deutsche Post DHL се стреми да понуди еколошка алтернатива за сите производи и услуги во сите дивизии.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Енергетска криза во Северна Македонија – Коментар од Штефан Петер, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ЕВН Северна Македонија

Поведени актуелните случувања во земјава, го замоливме нашиот член на Управниот одбор, Штефан Петер, да се произнесе за…