ДХЛ користи 100% рециклиранo, еколошко пакување

ДХЛ Експрес како пионер и лидер во одржливата логистика, преку глобалната кампања „GoGreen“, има јасни цели за намалување на штетните гасови, постигнување целосно одржлив бизнис и подобрување на животната средина. ДХЛ Експрес Македонија, кој од минатата година, својата градска флота ја замени со целосно електрични возила, на своите клиенти им понуди инвентивно еколошко и рециклирано пакување за помалите пратки, наречено „DHL Eco Flyer“.

Ќе се вратиме наназад во зачетоците на ова пакување, за да Ви го раскажеме процесот на создавање. Овој материјал е направен од остатоци од каменолом на варовник и е употребен во долгогодишниот процес за создавање и усовршување на нашето еколошко пакување „DHL Eco Flyer“, каде што отпадот е сврзан со мала количина на рециклирана пластика. Во процесот на трансформација се користи обновлива енергија, нема потрошувачка на вода, не се користат киселина или белило, и со тоа самиот процес на производство генерира нула загадување.

„DHL Eco Flyer“ може повторно да се користи како пакување на ДХЛ и со помош на индустриска технологија, може да се рециклира со потешка мека пластика. Варот кој се содржи во ова пакување, без сончева светлина, природно ќе се деградира до нетоксична прашина, враќајки се во првобитната состојба.

Посветени сме на тоа да понудиме голем избор на еколошки продукти и решенија во индустријата, и силно веруваме дека заедно со нашите клиенти можеме позитивно да влијаеме врз животната средина. Остварувањето на овие цели, им помага на нашите клиенти кои сакаат да постигнат одржлив бизнис или им е важно да соработуваат со компанија која се грижи за подобрување на животната средина.

Би сакале одблиску да Ве запознаеме со главните карактеристики на овој производ, неговиот состав, начинот на кој е произведен, употребата, како и што се прави со овој производ кога повеќе не ни е потребен.  

Материјал

„DHL Eco Flyer“ е направен од цврста, одржлива подлога која содржи калциум карбонат (околу 80%) добиен од остатоци од каменолом и нетоксичен полиетилен со висока густина (околу 20%), добиен од рециклирана пластична смола. Калциум карбонатната компонента се меле додека не дојде до прашкаста форма која е и десет пати помека од човечко влакно. На овој начин, остатокот од варовник што би бил отфрлен, се претвора во вистински нов производ, кој е далеку од неговите скромни почетоци.

Производство

Потребни се многу години истражување и развој од страна на производителот за да се усоврши „сувиот“ процес. Производството на ова пакување е 100% без емисија на јаглерод, генерира нула загадување и потребната енергија во неговото производство се создава од сонцето. Понатаму, калциум карбонатот (CaCO3) е природно бел, така што на готовиот производ не му се потребни адитиви за да ја осветли основната боја.

Употреба

„DHL Eco Flyer“ е водоотпорен, издржлив, антибактериски, може да се печати, отпорен е на кинење како и на инсекти.

Завршна фаза на циклусот

Најодржливата опција за отстранување на „DHL Eco Flyer“ е да се даде за рециклирање, но можностите за рециклирање, се разликуваат насекаде во светот. Доколку пакувањето „DHL Eco Flyer“ не се рециклира, туку се согори, содржината на калциум карбонат ќе изгори без токсичен чад. Остатокот од отпадот е камен во прав кој може повторно да се намени и употреби. Доколку не се рециклира, ниту согори, туку се насочи кон локална затворена депонија, содржината на калциум карбонат ќе остане инертна и нема да испушти токсични елементи во земјата.

И на крајот, ова пакување со 0% чиста пластика е 100% втор циклус рециклирано, 100% реупотребливо и најважно од сѐ, одржливо.

Извор: ДХЛ

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ДХЛ анкета за онлајн купувачи: 95% од онлајн купувачите го откажуваат купувањето ако нивната посакувана опција за испорака не е достапна

DHL e-Commerce го објави своето прво глобално истражување за онлајн купувачи кое ги покрива главните глобални пазари во…
Read More

Property One Furniture

Дозволете Molto Luce да го трансформира вашиот простор во елегантен и функционален амбиент, креирајќи пријатна атмосфера што ќе…