Добредојдовте на новиот AHK-блог на Македонско-Германското стопанско здружение

Како претседател на Македонско-Германското стопанско здружение (DMWV), со задоволство ви го претставувам овој нов AHK-блог.

Деловната соработка е сигурен начин за соочување со предизвиците на глобализираниот свет. DMWV и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија се идеална платформа за ова. Заедничките интереси може подобро да бидат застапувани со здружување на силите, а тековните проблеми и предизвици полесно може да се совладаат преку постојана размена на искуствата.

Новиот AHK-блог е наменет да послужи како платформа за размена на информации и ви дава можност, како член на Македонско-Германското стопанско здружение на другите членови да им ја претставите вашата компанија, вашите достигнувања, вашите технологии или вашето знаење.

Со над 180 компании-членки и со своите активности, DMWV и Делегацијата за германското стопанство во Северна Македонија имаат оставено белег врз односите меѓу Германија и Северна Македонија и DMWV e актуелно најголемо билатерално здружение во земјата. Сакаме да го продолжиме ова и во иднина, а предност е што можеме да се потпреме на широка мрежа на компании-членки. Во иднина сакаме уште повеќе да соработуваме со нашите германски и македонски партнери и да ги здружиме силите, пред се со цел да бидеме континуирано успешни на македонскиот пазар. Затоа Ве повикувам да го користите овој блог и да ги споделувате вашите успеси со членовите на здружението.

Мирјана Симоновска-Ќука Претседател

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Property One Furniture

Дозволете Molto Luce да го трансформира вашиот простор во елегантен и функционален амбиент, креирајќи пријатна атмосфера што ќе…