Електронскиот товарен лист на MSC е достапен во Северна Македонија

MSC Mediterranean Shipping Company (MSC) е глобален лидер во контејнерскиот транспорт. Семејната компанија сервисира  520 пристаништа на повеќе од 230 трговски линии, носејќи околу 23 милиони TEU годишно, преку модерна флота од 730 бродови.

Како движечка сила во дигитализацијата и иновациите во превозот, MSC го објавува својот електронски товарен лист (eBL) низ целиот свет, вклучително и во Северна Македонија.

eBL на MSC им овозможува на сите страни вклучени во резервацијата на товарна пратка да го издаваат, пренесат, одобрат и да управуваат со товарниот документ по електронски пат преку независна блокчејн платформа, без никакво нарушување на деловните операции. Апликацијата е достапна за испраќачите, увозниците и трговците од сите индустрии ширум светот и не бара дополнителна ИТ инфраструктура или оперативни промени. За повеќе информации информирајте се на: www.msc.com/ebl.

Пет предности на електронскиот Товарен Лист

Иако дигитализацијата може да звучи комплицирана за некого, нејзината цел всушност е поедноставување на процесите и операциите. Петте клучни придобивки за eBL се: брзина, едноставност, заштеда, безбедност и одржливост.

Зголемената брзина е клучен дел од придобивките. Добивањето  на документите во самиот момент наместо за неколку дена или недели во голема мера помага во организацијата на логистиката и овозможува пократки циклуси на плаќање.

Едноставните процеси се нешто кон што се стреми целиот синџир на снабдување. MSC има за цел да им го олесни животот на своите клиенти што е можно повеќе, а eBL е чекор понапред кон оваа цел. eBL е достапен од кој било уред или локација, 24/7 и платформата е едноставна за корисниците, со онлајн сесии за обука достапни за корисниците кои сакаат да дознаат повеќе.

eBL исто така нуди значителни заштеди. Според истражувањето на Асоцијацијата за дигитален транспорт на контејнери (DSCA) – неутрално и непрофитно здружение кое се фокусира на воспоставување стандарди за заедничка технолошка основа, eBL овозможува глобална соработка и дигитализација во транспортот со контејнери. Асоцијацијата покажува дека со само 50% усвојување на eBL, индустријата може да заштеди до 4 милијарди американски долари годишно . Со користењето на eBL , значително би се намалил обемот на работа, трошоците за поштарина, воедно би се намалил и трошокот за хартија и складирање .

Придобивките од користењето на сигурната блокчејн технологија се од огромно значење. Безбедните и шифрирани услуги помагаат да се елиминира ризикот од фалсификување или измама на документи, како и отстранување на можноста документите да бидат изгубени . Понатаму, со автоматска верификација и автентичност нема ризик документите да завршат во погрешни раце.

Придобивките од одржливоста на процесот да не се упортебува хартија се очигледни. eBL директно го намалува јаглеродниот отпечаток на сите вклучени странки што се вклопува во пошироките индустриски цели за намалување на влијанието врз животната средина.

Корисниците на eBL ширум светот го опишаа МСЦ eBL  како лесен и соодветен за употреба и удобен, особено за време на пандемијата COVID-19, каде што eBL се покажа како многу корисен. Тоа им овозможува на испраќачите да ги надминат ограничувањата на гранчните премини, прекините во поштенските услуги и другите нарушувања поврзани со пандемијата. MSC неодамна прослави нова пресвртница која достигна 100.000 eBL издадени ширум светот, а бројките рапидно се зголемуваат.

Контактирајте го тимот денес, за да дознаете повеќе

MSC Скопје им нуди на своите клиенти неколку дигитални решенија преку својата официјална е-бизнис платформа myMSC. Благодарение на инвестирањето во дигитални решенија, овозможуваме процесот на букирање карго и креирањето на eBL да биде ефикасен и лесен. За подетални информација, исконтактирајте го тимот на MSC веднаш, или посетете ја нашата веб страна www.msc.com/ebl.

Извор: MSC

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…
Read More

Катарина Николов, ФОРТОНМКА: Создаваме влијание низ активно учество во најзначајните проекти кои го обликуваат пазарот на недвижности

Како менаџер и лидер во ФОРТОНМКА уште од самите почетоци, како вашите претходни искуства го обликуваа пристапот што…
Read More

ДХЛ анкета за онлајн купувачи: 95% од онлајн купувачите го откажуваат купувањето ако нивната посакувана опција за испорака не е достапна

DHL e-Commerce го објави своето прво глобално истражување за онлајн купувачи кое ги покрива главните глобални пазари во…