Енергетска криза во Северна Македонија – Коментар од Штефан Петер, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ЕВН Северна Македонија

Поведени актуелните случувања во земјава, го замоливме нашиот член на Управниот одбор, Штефан Петер, да се произнесе за актуелната енергетска криза и да даде коментар за актуелните случувања на макeдонскиот енергетски пазар.

Штефан Петер е генерален директор и претседател на Управниот одбор на ЕВН Северна Македонија.

Еве ја оценката на Штефан Петер:

Од почетокот на 2021 година забележуваме енормно зголемување на цената на суровините како гас (+307%), јаглен (+193%) и CO2-EUA (дозвола за емитување јаглерод диоксид) (+ 190%). Овие суровини се важни за производство на електрична енергија и затоа имаат директно влијание врз цената на електричната енергија. Цената на електричната енергија на берзата за електрична енергија во Будимпешта (HUDEX) во последните 12 месеци порасна од 57 евра/MWh на 1 јануари 2021 година на сега 132 €/MWh (10.11.2021). Главните причини за оваа исклучителна ситуација се:

  • Зголемување на бараниот волумен поради неочекувано брзорастечките пазари (ефект по Ковид)
  • Релативно ниско производство од ветер низ Европа во 2021 година
  • Зелената агенда во Европа и очекуваното постепено укинување на производството на електрична енергија од јаглен
  • Бавно полнење на складишта за гас во Европа
  • Оттука и недостатокот на гас и јаглен

Во Северна Македонија има технички потешкотии во работењето, особено на најголемата електрана во Битола, и недостиг на јаглен. Поради тековните технички проблеми во последните неколку месеци, резервоарите за складирање вода речиси се празни. Но, земјата може да се снабдува со струја од електрани од надвор. Најголем дел од потребната струја за индустријата и деловните објекти веќе сега се увезува од надвор. Овие количини се набавуваат на слободниот пазар по соодветните пазарни цени. Капацитетите на електраните на ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) се користат речиси исклучиво за домаќинствата и малите бизниси и се продаваат по ниски цени (многу под пазарната цена) преку универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме). Затоа актуелната ситуација во Северна Македонија помалку е технички проблем отколку комерцијален. Ако пропаднат сопствените капацитети, ЕСМ е принудено да купува струја по многу високи цени од странство. Актуелните мерки што ги презема Владата во текот на прогласувањето на енергетската криза, исто така, првенствено се насочени кон обезбедување на краткорочно соодветно финансирање на државните компании ЕСМ и МЕПСО. Сепак, оваа зима при големи минусни температури, односно големи оптоварувања на мрежата и мало домашно производство, може да дојде до недостаток на струја. Во моментов се развиваат сценарија за ваков случај од страна на кризниот штаб на министерството со вклучување на експерти.

Поставивме и неколку прашања кои се однесуваат на влијанието на енергетската криза врз компаниитe:

Какви се последиците за компаниите, што можат да очекуваат, какви поскапувања можат да очекуваат?

Кога ќе им истече сегашниот договор, компаниите мора да склучат нов договор по тековните пазарни цени. Бидејќи пазарните цени значително пораснаа во изминатата година, се очекуваат значително повисоки цени со новите договори. Затоа навремено контактирајте го вашиот снабдувач на електрична енергија на кој му верувате.

За постоечките договори кои се склучени на фиксна база, постојните цени важат до крајот на истекувањето на договорот. Сепак, некои добавувачи на енергија еднострано ги раскинаа договорите во последните неколку недели. Во принцип, тоа законски не е дозволено. Препорачуваме да не се прифаќаат соодветните предложени промени (повисоки цени) и да се преземат правни мерки во случај на раскинување од страна на снабдувачот на енергија.

Што можат да направат компаниите?

Како што беше споменато погоре, не прифаќајте промена на постоечките договори и контактирајте го тековниот снабдувач на енергија навреме пред да истече договорот. Со изборот на вистинскиот производ (фиксна/променлива цена) и менување на рокот на времетраењето на договорот, можеби ќе можете да избегнете краткорочните пикови на цени. За жал, самите пазарни цени се факт и се базираат на светските случувања.

Колку долго ќе трае оваа ситуација?

Пазарите веќе сигнализираат пад на цените, што се одразува и на идните производи. Генерално, се очекува стабилизирање по зимата од пролетта 2022 година. Но нивото на цените од пред кризата во 2019 година во моментов не е на повидок.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…