Запознајте се со Кентаур Импекс- Вашиот партнер за челични конструкции

Основана во 1991-ва година Кентаур Импекс е македонска компанија која моментално вработува околу 200 луѓе. На самиот почеток компанијата се занимава исклучиво со трговија на метали и обработка на лимови, меѓутоа во 2008-ма година влегува и во бизнисот со производство и монтажа на челични конструкции и панели.

Горди сме на нашето партнерство со Метекно, првиот производител на сендвич панели со кои соработуваме долги години.

Моментално компанијата покрива поголем дел од синџирот на вредност и нуди целосна изработка и изведба на индустриски објекти како и производство на секакви типови челични конструкции.

Бизнисот постојано се шири па така во 2018-та година компанијата ја купува фабриката за обработка на челик Искра Куманово и значително го зголемува својот производен капацитет со можност за производство од околу 1000 тони челична конструкција и опрема месечно.

Искра Куманово е фабрика со површина од 33000 метри квадратни, целосно покриена со 32 кранови со капацитет на кревање од 5 до 40 тони. Меѓутоа самото купување на фабриката не значи и крај на инвестициите. Кентаур Импекс во последните години континуирано инвестираше дури 10 милиони евра. Моментално фабриката има најмодерна машинерија и своите потреби за електрична енергија ги задоволува од сопственото производство на соларна енергија. Дополнително, во тек е и проект за дигитализација кој ќе овозможи целосно префрлање кон производство без хартија или paperless manufacturing.

Еден од главните обележја на Кентаур Импекс е квалитетот и прецизноста во времето на испораки препознатливи за нас. Компанијата поседува голем број на сертификати кои го гарантираат квалитетот на производите. Од генералните сертификати Кентаур Импекс ги поседува ISO 9001, ISO 14001 и OHSAS 18001. Уште поважно компанијата ги има и најстрогите сертификати карактеристични за индустријата на преработка на челик, односно највисокото ниво (четврта класа или EXC 4) на EN 1090 и ISO 3834-2. Во изминатата година компанијата го доби и DNV сертификатот за изработка на челични структури за бродови и е внесена во Хрватскиот бродски регистар.

За нашата професионалност сведоци се изминатите проекти низ цела Европа па и пошироко. Конструкции изработени во Искра Куманово се простираат низ 34 земји во Светот на 4 континенти. Од мостови, хали, електрични централи, делови за бродови, нашето производство има огромна флексибилност и може да ги задоволи разновидните потреби на нашите клиенти. Дополнително на ова особено сме горди на нашата соработка со германската компанија Либхер (Liebherr) со која соработуваме веќе трета година. Продолжената соработка со овој реномиран германски бренд е најголем показател за нашата професионалност и квалитет во кои може да се уверите и самите.

Посетете ја нашата вебстрана или нашиот LinkedIn профил. Доколку имате конкретни прашања или сакате да добиете понуда за Вашиот проект испратете ни имејл.

Контактирајте не и дозволете да ги претвориме Вашите проекти во реалност!

Извор: Кентаур Импекс

0 Shares:
You May Also Like