ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја која стои зад компанијата е дека дигиталната иднина мора да биде достапна за сите.
Согледувајќи ги потребите на клиентите, а со цел да придонесеме кон трајно подобрување на деловната и општествената заедница, посветени сме на креирање современи решенија од областите на информатичка технологија и енергетика.
Како систем интегратор нудиме мрежни решенија, сигурносни решенија, дата центри, конструирање и одржување на комуникациска инфраструктура. Нашите работни решенија вклучуваат имплементација на SAP TRM, CRM PI и BW модул, имплементација на Microsoft Dynamics 365 решенија, имплементација на DMS системи и одржување на SAP ERP и BW системи. Исто така, нудиме ефикасни решенија за контрола и евиденција на работно време, видео надзор, против-провална заштита, системи за дојава на пожар, интерфонски системи, системи за озвучување и системи на инфо панели.
Инфинити Енерџи ИТСС нуди решенија и услуги кои се препознатливи по својот квалитет и иновативен пристап, сѐ со цел да одговори на современите предизвици.
ИНФИНИТИ ЕНЕРЏИ ИТСС има големо искуство со софтвер за прилагодени апликации во регионот, во моментот Групацијата Инфинити има повеќе од 100 ИТ експерти – вработени со полно работно време.
Членови на Групацијата Инфинити се:
Инфинити Енерџи ИТСС Kaldera company – Трет светски лиценциран SIEMENS производител на примарни и секундарни среднонапонски постројки тип 8DJH, SIMOSEC и NXPLUS. Има сертификати ISO 9001: 2008, 14001: 2004 и 3834.
Infinity ADS – Дигитализација на документација, микрофилмување на документацијата, регистраторско менаџирање на документацијата, архивирање, екстракција и понуда на системи за менаџирање на документи.
EP MOBILE – Smart City и Smart Mobility Solutions, управување со енергија, истражување и развој и производство на паметни производи.
Prointer – Системски интегратор, пазарните одлуки се однесуваат на развој, имплементација и одржување на комплексни и комплетни деловни информациско – комуникациски системи.
ИНФИНИТИ ЕНЕРЏИ ИТСС како членка на Mакедонско-Германското стопанско здружение ви стоиме на располагање со сите наши достапни ресурси за скенирање и евалуација на целата ваша ИКТ инфраструктура и апликации. Може да не сметате за доверливи советници за сегашно и идно подобрување на деловните активности на ИКТ.