Кнауф: Енергетска ефикасност во згради

Каква улога игра Кнауф во однос на енергетската ефикасност во Северна Македонија?

Енергетската ефикасност и одржливата архитектура како дел од глобалните Кнауф иницијативи ги поддржавме и промовиравме и во Северна Македонија. На Македонските чинители во изминативе 25 години им понудивме енергетски ефикасни решенија за новоградби, но и за санирање на постоечките објекти. Имавме амбициозна агенда на семинари, презентации, експертски екскурзии, состаноци, конференции итн.

Како Кнауф помага да се подигне свеста за енергетска ефикасност?

Преку академски и стручни форуми и трибини активно придонесуваме за подигање на свеста за енергетската ефикасност. Имаме секојдневни контакти со институции, архитектонски студија, универзитети, министерства, факултети, училишта и секој дел од лобито за енергетска ефикасност.

Се вклучивме и во многубројни проекти и иницијативи како промоција не ЕЕ преку општините и локалната управа. Бевме дел од тимот кој ги обучуваше првата генерација Енергетски контролори во Северна Македонија во поериодот 2013-14.

Колку Кнауф е вклучен во воведувањето технички решенија во областа на енергетската ефикасност?

Изработивме и понудивме бесплатен софртвер за термички пресметки, прилагоден на Македонскиот Правилник за ЕЕ и до денес единствен на пазарот. Во рамките на проектот “Build up skills” на Стопанската комора обучивме 400 мајстори за санација на ЕЕ фасади. Создаваме референца од енергетски ефикасни и пасивни објекти во Северна Македонија кои се пример за одржлива градба за идните проекти.

Автор: Велимир Петровски, Раководител на продажба во Кнауф

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Енергетска криза во Северна Македонија – Коментар од Штефан Петер, генерален директор и претседател на Управниот одбор на ЕВН Северна Македонија

Поведени актуелните случувања во земјава, го замоливме нашиот член на Управниот одбор, Штефан Петер, да се произнесе за…