Патувањето е важен дел од нашите животи, тоа ги зближува луѓето, ги зајакнува нашите деловни односи и ги урива културните бариери. Денес е невозможно да се замисли светот без летање. Од таа причина, уште поважно е да се патува одговорно. Првиот чекор кон поголема одговорност е транспарентноста. Потребно е да ги разбереме нашите индивидуални модели на патување за да преземеме одговорност и да направиме промена. Затоа развивме метод, кој ви овозможува да ги направите поодржливи вашите индивидуални или деловни летови.
Во зависност од вашата дестинација, вашето патување може да го направите поодржливо со само еден клик за време на процесот на резервација или пак при изборот на тарифата имате можност да ја изберете таканаречената „зелена“ цена. Без разлика кој од двата чекора ќе го изберете, вашиот избор прави разлика.
Зошто да летате со одржливо гориво за воздухопловство?
Одржливото гориво за воздухопловство (SAF) е првата реална алтернатива на млазното гориво базирано на фосили. Тоа е клучот за одржливо летање, бидејќи денес може да се користи како погонско гориво за авиони без значителни промени во постојната инфраструктура.
Во споредба со фосилните горива, ова гориво ги намалува емисиите на јаглерод за најмалку 80%. За да ги намалиме емисиите на CO2 поврзани со вашите летови со помош на SAF, ние правиме пресметка и го распоредуваме SAF во соодветната количина на идните летови на групацијата Луфтханза.
SAF во моментов е приближно три до петпати поскапо од фосилното гориво за авиони. Ова ја држи побарувачката за SAF на ниско ниво и влијае на трошоците за производство на самото гориво. Сè додека производствените капацитети се фокусирани на мали количини, тие нема да го достигнат своето највисоко ниво на ефикасност.
На долг рок, зголемувањето на побарувачката за SAF ќе го забрза создавањето на поголеми и поефикасни производствени капацитети. Зголемувањето на производството на SAF се очекува значително да ги намали цените.
Ние Ви помагаме да ги направите вашите деловни летови поодржливи.
На вашата компанија ѝ овозможуваме да ги намали емисиите при патување со користење на одржливо гориво за воздухопловство (SAF) и компензација на преостанатите емисии на CO2 преку вложување во висококвалитетни проекти за заштита на климата без ограничувања на вашето секојдневно деловно работење.
Следете ги точните емисии на CO2 при вашите корпоративни патувања и авионскиот транспорт на пратки. На вашата компанија ѝ нудиме анализа на емисиите на јаглерод и опции за компензација.
Компензирајте ги емисиите на CO2 во количина на емисиите кои ги следите, како на пример по лет, со одржливо гориво за воздухопловство (SAF) и нашето портфолио на климатски проекти. Станете сертифициран партнер и влијајте позитивно врз животната средина.
Станете пионер во одржливост со компензирање на емисиите на CO2 преку SAF. Задоволете ги зголемените барања на вашите клиенти и вработени за одговорно корпоративно однесување.
Корпоративна програма Compensaid
Секој патник на групацијата Луфтханза може да ги компензира емисиите на CO2. Како компанија имате опција да направите надградба на нашите зелени цени или да изберете пофлексибилен план на Compensaid.
Со Compensaid имате можност да ги направите вашите патувања поприфатливи за животната средина. И за време на летот и по летот имате опција или да ги компензирате или да ги намалите емисиите. Compensaid ви ги нуди двете опции, т.е. можност за компензација на емисиите преку иницијативи за заштита на климата или нивно намалување со технологијата за одржливо гориво за воздухопловство (SAF). Пресметајте ги емисиите на јаглерод на вашата компанија од воздушниот сообраќај и компензирајте ги.
Собирајте поени со нашата корпоративна програма PartnerPlusBenefit и веднаш претворете ги во одржливо гориво за воздухопловство.
Искористете ја можноста за намалување на патните трошоци со бесплатната програма за бонуси на Луфтханза за средни претпријатија PartnerPlusBenefit. Освојте вредни поени за бенефиции при деловни летови и уживајте во најголемиот број партнерски авиокомпании, најголемиот избор на награди и бројни други поволности.
Сега можете да ги намалите емисиите на CO2 од воздушниот сообраќај на вашата компанија со претворање на вашите поени за бенефиции во одржливо гориво за воздухопловство (SAF).
- За вашата одржлива посветеност ќе добиете дигитален сертификат потврден од групацијата Луфтханза до 720.000 поени за бенефиции (минимална вредност од 18.000 поени за бенефиции што одговара на 50 евра).
- Придонесите над 720.000 поени се сертифицираат директно преку Compensaid во согласност со стандардот од Опсег 3 на Протоколот за стакленички гасови од страна на надворешен ревизор и тие може официјално да се користат за компензација на вашиот еко-биланс.
Зелени цени: поодржливи цени на сите европски летови
Јаглеродно неутрална до 2050 година. Групацијата Луфтханза прави максимални напори да го постигне тоа. Од инвестиции во нова и економична флота и употреба на одржливи горива за воздухопловство до најнови технологии во областа на аеродинамично подобрување, ние континуирано развиваме дополнителни мерки за намалување на емисиите од летање.
Зелените цени се уште еден камен-темелник на патот до нашата амбициозна цел.
Economy Green и Business Green се називите на новите цени за поодржливо летање со авиокомпаниите на групацијата Луфтханза. Овие зелени цени ги прават подобри нашите познати цени за Европа и тие во цената веќе вклучуваат намалување и неутрализирање на емисиите на CO2 поврзани со летање на вашиот индивидуален лет.
Ако изберете Economy Green или Business Green цена, 20% од индивидуалните емисии на CO2 се намалуваат преку употреба на одржливи горива за воздухопловство (SAF), а останатите 80% од поединечните емисии на CO2 што се следат се компензираат со еквивалентен придонес во висококвалитетни проекти за заштита на климата. Оваа комбинација на намалување и компензација е силно поврзана со новите цени и нуди лесен начин за поодржливо летање.
Ако одлучите да купите билет со зелена цена, вашиот лет ќе биде поодржлив преку фиксна комбинација на употреба на одржливи горива за воздухопловство (20% од емисиите поврзани со летовите ќе се намалат со SAF) и придонес во висококвалитетни проекти за заштита на климата (80% од емисиите поврзани со летот ќе бидат компензирани).
Извор: Lufthansa Group