Летен ред на летање на групацијата Луфтханза: 28 пати неделно од Скопје до Франкфурт, Виена или Цирих

Од неодамна, германската авио компанија Луфтханза започна да лета на релација Скопје Франкфурт, 10 пати неделно. Летовите се атрактивни и за бизнис патувања и за туризам.

Мрежа на летови: Авио компанијата Lufthansa German Airlines, дел од Lufthansa Group, е една од водечките и најпрестижни авио компании во светот. Преку своите матични аеродроми во Франкфурт и во Минхен, Луфтханза опслужува повеќе од 200 дестинации.

Поволности за патниците кои патуваат со една од авио компаниите членки на  групацијата Луфтханза: Аеродромот во Франкфурт е главен аеродром на Луфтханза и нуди голем избор на дестинации со оптимално време на поврзување помеѓу летовите.

Со новите летови на Луфтханза од Скопје, Луфтханза им нуди на патниците кои патуваат за бизнис како и на оние кои патуваат за одмор и рекреација, одлични конекции до сите важни бизнис центри и дестинации за одмор во Германија и во Европа како што се Берлин, Рим, Мадрид, Барселона, Лисабон, Ница, Осло, Хелсинки, Даблин и многу други интерконтинентални дестинации меѓу кои Њу Јорк, Мајами, Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Торонто и Ванкувер.

Во Македонија се присутни 3 авио компании кои се дел од групацијата Луфтханза, и тоа: Аустријан Ерлајнс со 14 летови неделно до Виена, Луфтханза со 10 летови неделно до Франкфурт и Свис со 4 летови неделно до Цирих. Со 28 летови неделно, на нашите патници им нудиме пристап до скоро 300 дестинации ширум светот преку еден од нашите матични аеродроми: Виена, Франкфурт или Цирих.

Флота: Луфтханза поседува модерни авиони од најновата генерација кои што воедно имаат и мала потрошувачка на гориво. Меѓу нив се и Ербас А350-900 и Боинг Dreamliner. Луфтханза од Скопје до Франкфурт лета со авиони од типот Ербас А319, А320 и А321.  

PartnerPlusBenefit– Корпоративна бонус програма

PartnerPlusBenefit е програма за лојалност на Lufthansa Group наменета за мали и средни претпријатија. Со зачленувањето на вашата компанија во PartnerPlusBenefit, ќе ги намалите патните трошоци, а истовремено ќе добивате и награди.

При секое патување со една од компаниите членки на PartnerPlusBenefit, ќе добивате наградни поени на сметката на вашата компанија. Подоцна, насобраните поени можете да ги размените за бесплатни авио билети, upgarde до бизнис класа, вишок на багаж, билет за влез во бизнис салон и др. За повеќе информации и за зачленување, посетете ја следнава веб страница.

Стратегија за одржлив развој

Како дел од Lufthansa Group, Lufthansa German Airlines се стреми кон постигнување на целите зацртани во програмата за заштита на животната средина, а тоа е намалување на емисијата на стакленички гасови (CO2) до постигнување на нула емисија. Lufthansa Group планира да ја намали емисијата на CO2 до 2030 год. за 50% во однос на емисиите во 2019 год., а до 2050 год. да постигне нула емисија. За таа цел, Луфтханза забрзано работи на модернизација на флотата, постојана оптимизација на оперативните дејности, користење на еколошки горива, иновативни понуди со кои им овозможуваме на клиентите да постигнат CO2 неутралност при авионските патувања.

Неутрализирање на емисиите на CO2  

Патниците на групацијата Луфтханза имаат можност да дадат личен придонес за спречување на климатските промени преку компензирање на емисијата на СО2 која се создава при нивните патувања. Тоа можат да го направат со вложување во климатски проекти или со вложување во горива од обновливи извори. И двете опции се достапни за патниците на групацијата Луфтханза при процесот на набавка на авио билети или пред патувањето. Дополнителни информации можат да се најдат на следнава веб страница: https://compensaid.com. Членките на програмата Miles & More можат да ги користат опциите за СО2 компензација преку Miles & More апликацијата.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

25 години ФУКС Македонија

ФУKС Македонија одбележа значаен јубилеј славејќи го својот 25-ти роденден што се одржа во Скопје во ресторанот “Рагуса…