Македонски Телеком ја модернизираше мрежата: подготвени за новата технолошка ера

Македонски Телеком целосно ја модернизираше и ја надгради мрежата, со што таа сега е подготвена за наредната генерација технологии. Вакви големи промени во телекомуникациите се случуваат еднаш на 10 години и со себе носат трансформација на самата технологија и на услугите за корисниците, како и супериорност на корисничкото искуство.

Модернизација на мрежата

Со завршувањето на овој проект, којшто се реализираше со милионски инвестиции и посветена работа на терен, се постави основата, односно најсовремената мрежа, врз која ќе се гради новиот дигитален свет. За само 18 месеци беа поставени 900 нови базни станици на кои е достапен NBIoT за M2M комуникација. Капацитетот на новата модернизирана мрежа е зголемен за дури 70%, а просечните брзини на корисниците за 50%.

Прва и најголема 5G мрежа

После неколкугодишни тестирања и подготовки, во февруари минатата година, компанијата ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможи користење 5G услуги со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Во јули, таа ги доби 5G радиофреквециите, а со тоа и можноста за гигабитни брзини за корисниците. Мрежата растеше и се развиваше и за само 18 месеци на корисниците во 26 града и нивните околини им беше овозможено да ги користат услугите на новата генерација. Гигабитните брзини и ниската латенција се реалност, а веќе 12% од целиот сообраќај е на 5G.

Идна примена на новите технологии

Оваа технологија ќе биде движечката сила за развојот на нови функционалности во повеќе области коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.  На пример, преку Massive IoT, ќе биде овозможен значителен развој во делот за паметни градови и паметна инфраструктура. 5G ќе овозможи примена на вештачката интелигенција за подобрување на ефикасноста на самата мрежа. Преку вештачката интелигенција ќе може да се детектираат и најмалите недоследности во функционирањето на мрежите и системите коишто испорачуваат клучни услуги. На тој начин, тие ќе можат да бидат спречени без корисниците воопшто и да ги забележат. Сето ова ќе обезбеди супериорна мрежа и услуга, досега невидени услуги и производи, како и широк пристап за сите до новите технологии.   

Извор: Македонски Телеком
0 Shares:
You May Also Like