Поволности на оптика
Оптиката е најнапредната технологија во светот на широкопојасниот интернет пристап. За разлика од застарената технологија врз база на бакар, со оптика, интернет сигналот се пренесува во облик на светлосни зраци низ микронски оптички влакна.
Ова овозможува пренос на многу податоци со огромни брзини до 1 Gbps, преку поголеми растојанија, на најсигурен можен начин, како и стабилна врска, супер квалитетен интернет на повеќе уреди истовремено и ТВ во Ultra HD без кочење на сликата.
Најголема оптичка мрежа
Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во земјата со повеќе од 281 000 домаќинства со пристап до оптика, а секоја година овозможуваме уште 25 000 нови. Неодамна прославивме и 100 000 корисници на оптика.
Ширење на оптика
За што повеќе корисници да можат да ги користат поволностите на оптиката, Македонски Телеком интензивно ја шири оптичката мрежа насекаде низ Македонија. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање.
Екологија
Освен технолошки, оваа технологија има и еколошки предности. Чекор понатаму во процесот на модернизација е целосното напуштање на бакарната инфраструктура. Ова е дел и од нашата стратегија за заштита на животната средина. Со воведувањето на новите технологии и напуштањето на старите, покрај тоа што се добиваат поголеми брзини и подобра услуга, драстично се намалува потрошувачката на електрична енергија и бакарот повторно се искористува како ресурс.
Извор: Македонски Телеком