Нова кредитна линија со грант од 15% на ПроКредит Банка и ЕБРД за поддршка на малите и средни претпријатија

Продолжува успешната соработка на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој, со проширување на кредитната линија со грант за дополнителни 2 милиона евра за поддршка на малите и средни претпријатија.

ПроКредит Банка, како докажан партнер на бизнисот ќе ги искористи средствата од кредитната линија за своите клиенти, мали и средни претпријатија како поддршка за намалување на негативните ефекти врз бизнисот, предизвикани од Ковид пандемијата, како и за инвестиции и проекти за „зелени технологии“, согласно европските стандарди и регулативи.

„Соработката со ЕБРД и новата кредитна линија со грант, се во линија со нашата корпоративна филозофија и настојувања за придонес во развој на оддржливи бизниси во нашата земја. Ова е уште еден чин на потврда на нашата посветеност кон сегментот на мали и средни претпријатија. Веруваме дека нашите клиенти ќе ја препознаат оваа одлична можност за развој на своите бизнис активности во пост-пандемискиот период, но и за нови инвестиции во „зелени технологии“ кои значат подобра иднина за сите.“, изјави г-ѓа Емилија Спировска, Член на Управен Одбор во ПроКредит Банка.

Една од главните придобивки за малите и средни претпријатија кои ги исполнуваат критериумите за финансирање преку оваа кредитна линија е можноста за грант во висина до 15% од вредноста на доделениот кредит.

Уште од нејзиното осоновање во 2003, ПроКредит Банка е стратешки партнер на ЕБРД во Северна Македонија. ПроКредит Банка е една од најголемите бизнис банки во земјава, со пазарно учество од 25% во сегментот на мали и средни претпријатија, препознаена по иновативните решенија и имиџот на целосно дигитална банка која постојано имплементира нови, напредни технологии.

Повеќе информации за новата кредитна линија може да дознаете на http://pcb.com.mk/.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Охридско лето и оваа година беше културна екстраваганција – Виталиа ги поддржа уметниците од „Охридско Лето“ со здрави продукти

На 12 јули покрај Охридското езеро беше отворено 63-тото издание на повеќедневниот уметнички спектакл „Охридско лето“. Фестивалот оваа…
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…