Станете Social media guru и врвен дигитален маркетер со новaта посебно дизајнирана обука на М6 Едукативниот Центар. Од теорија до практична примена, ние ви овозможуваме едноставен, но сигурен влез во светот на дигиталниот маркетинг.
Обуката за Дигитален Маркетинг на М6 е дефинирана на начин на кој посетителите имаат ДИРЕКТЕН контакт со потенцијалните работодавачи на кои им се потребни кадри кои ги поседуваат соодветните вештини. Учесниците на обуката ќе имаат можност да развиваат стратегии и да применуваат тактики за реализација на кампањи за реални компании од државата и регионот.
Обуката ќе биде предводена од експерти во полето, чии што компании имаат работено на успешни кампањи за моќни клиенти како: The Coca-Cola Company, А1 Македонија, Heineken, Скопско, Pandorа, L’Oreal, Тиквеш, USAID, Porsche Macedonia, Алкалоид, Halkbank, Fashion Group и др.
Обуката ја сочинуваат 11 модули или 77 часа, кои ќе се реализираат во тек на 3 месеци.
Сите детали за она што точно ќе се изучува може да се најдат на овој линк.
Првата група започнува со предавања на 22.11.2023.
Цената во моментов е 995 евра + ДДВ со можност за плаќање на 3 месечни рати.
Заинтересираните може да се регистрираат [email protected].
Извор: М6