Постапката за даночно намалување за донирање финансиски средства на спортски субјекти

УЈП објави информација за постапката за користење даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донирани финансиски средства на спортски субјекти.

„Даночните обврзници правни лица кои донираат финансиски средства на спортски субјекти, уплатени на посебна наменска сметка во согласност со членот 30-а од Законот за данок на добивка (Сл. весник на РМ 248/2018 ) и Правилникот за начинот на спроведување на даночното ослободување на даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти (Сл. весник на РСМ, бр. 126/ 20.6.2019), имаат право да користат даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50% од пресметаниот данок.

Ова право на даночно ослободување обврзникот го остварува врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт, во согласност со Законот за спортот.

За да го искористи даночното ослободување обврзникот кој донира финансиски средства на спортски субјекти, потребно е преку системот Е-даноци до Управата за јавни приходи да достави:

  • Барање за даночно ослободување за донирање финансиски средства на спортски субјекти (образец БДО-ДС).

Управата за јавни приходи во рок од 15 дена го разгледува доставеното барање и го потврдува или го одбива, со доделување статус во форма на електронска порака. Доколку барањето добие статус ‘обработено без грешки’, тоа значи дека истото е одобрено и обврзникот може да изврши донација, со обврска во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување да достави известување дека извршил донација.

Известување за извршена донација во спортот (образец ИДО-ДС)
Даночните обврзници кои донирале средства преку системот Е-даноци во рок од 15 дена по потврденото барање за даночно ослободување доставуваат образец ИДО-ДС до Управата за јавни приходи за извршената донација, со задолжително чекирање на полето за доказ за извршената донација и приложување на доказот за извршената донација. Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од приемот на известувањето правото на даночно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства најмногу до 50% од пресметаниот данок го утврдува со даночен управен акт/решение“, образложуваат од УЈП.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

25 години ФУКС Македонија

ФУKС Македонија одбележа значаен јубилеј славејќи го својот 25-ти роденден што се одржа во Скопје во ресторанот “Рагуса…