Пошумуваме заедно! Засади денес, за позелено утре.

Какo општествено одговорна компанија постојано вложуваме и реализираме разни иницијативи и активности во заедницата во која работиме. Така, по повод нашиот јубилеј – 10 години успешно работење на македонскиот пазар, започнуваме голем национален проект – Пошумуваме заедно за позелено утре!

Главниот мотив за започнување на проектот „пошумуваме заедно за позелено утре” лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија,  да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивира своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме адекватно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. А, тоа сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот”.

Приклучи се и ти!

Во нашиот нов проект можете да се вклучите и вие: Во период од 16.8 до 30.9.2022 со секој купен dm марка производ во која било наша дрогерија, донирате 1 денар за поддршка и успешна реализација на оваа кампања.

Наши институционални партнери

Со поддршка на нашите институционални партнери, ЈП Национални шуми, Факултетот за шумарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука, кои ќе дадат придонес со своето стручно знаење, со цел поуспешна реализација на целата кампања планираме успешна реализација на овој проект, кој оваа година започнува со локација во непосредната близина на автопатот Миладиновци-Штип, која е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство.

Градиме поздрава иднина за генерациите што доаѓаат

Одговорното однесување кон природата и нејзиното зачувување се главни задачи на сите нас, а пошумувањето е само еден начин да се зачува биолошката разновидност и да се подобри квалитетот на воздухот.

Со цел да ѝ помогнеме на природата во нејзиното обновување, и да создадеме поздраво место за сите нас, заедно со институционалните партнери го започнуваме проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“. Со спроведување на овој еко проект имаме за цел да ја едуцираме јавноста и да ја подигнеме свеста за значењето на шумите како еден од најважните фактори за заштита на животната средина. Овој проект сакаме да прерасне во своевидна традиција, со која ќе се збогатува зеленилото во нашата земја од година во година.

Водејќи се од идејата дека можеме да го направиме светот поубаво место за живеење, го започнуваме овој проект, во кој длабоко веруваме и горди сме што благодарение на него, заедно со нашите партнери, станавме иницијатори на најголемата кампања за пошумување во државата. Со започнување на проектот поставуваме цел, да изградиме поздрава иднина за генерациите што доаѓаат.

Извор: dm

0 Shares:
You May Also Like