Синцеритас АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.
Синцеритас АД Скопје е првата компанија во Македонија која што се стекна со европски сертификат за добра производна пракса од регулаторно тело во Германија, што потврдува дека компанијата работи во согласност со принципите и насоките на Добрата Производна Пракса (ДПП/GMP) на Европската Унија за производство на хербални производи: цвет и екстракт од канабис за големопродажба (за цвет што не е третиран со јонизирачко зрачење за намалување на микробите).
Овој сертификат е издаден по инспекцијата извршена на барање на Cannamedical® Pharma GmbH (водечка компанија за големопродажба на медицински канабис во Европската Унија специјализирана за увоз и дистрибуција на медицински канабис во Германија) со цел добивање потврда за оперативните активности во согласност со германскиот Закон за лекови.
За повеќе информации околу компанијата и нејзиното поле на делување – посетете нè на sinceritas.eu!
Извор: Синцеритас