Премиера на новиoт BMW Серија 7 и првиот BMW XM

Форвардизам – Нова ера на луксузните автомобили!

Инспирирани од новата дефиниција за луксуз и Forwardism, компанијата М Кар на 17. декември 2022, со емотивна и современа презентација, ги претстави најмоќните BMW модели од луксузниот сегмент. Првиот, целосно електричен модел од седмата генерација на BMW Серија 7, — BMW i7 и сензационалниот BMW XM, ја доживеаа својата македонска премиера, зрачејќи со чиста моќ, префинетост и авторитет.

Јазикот на луксузот се менува. Новиот јазик на BMW Group е Forwardism, — постојано предизвикување на конвенционалноста денес, за да ни овозможи трајна радост утре и подалеку. A централно место во оваа интерпретација е токму BMW i7.

45 години по дебито на BMW Серија 7, седмата генерација на моделот се појавува на сцената како најнапредно и најиновативно возило во луксузниот сегмент.  BMW Серија 7 уште еднаш се потврди како симбол за силата на иновативноста во BMW Group. Сепак, шоуто го украде изненадувањето на вечерта, — сензанционалниот BMW XM. Со неверојатни 748 коњски сили BMW XM ги поместува границите на луксузот и возењето. Тој е најфасцинантнa едиција создадена од BMW M, токму за нивната 50 годишнина.

Воодушевени од автомобилите, како центар на моќта на модерните иновации во автомобилската индустрија, присутните гости на официјалната промоција уживаа во несекојдневното премиум искуство. Покрај промоцијата на авангардните автомобили, атмосферата беше збогатена со балетски перформанс,  како и специфичен уметнички концепт од македонскиот современ уметник, Бојан Ковски, во духот на претставениот луксузен сегмент на брендот BMW. Уметникот создаде посебна слика, — уметничко дело инспирирано од BMW Серија 7 со сопствена интерпретација за Forwardism.

Претставените премиум автомобили се сосема различни во својата суштина, но и двата модели ветуваат луксузно моторно искуство и нова димензија на уживање во возењето.

Првиот BMW i7 не само што внесува нов член во семејството на BMW Серија 7, туку и дефинира прогресивен пристап кон луксузот за BMW брендот. BMW i7 воведува нова ера што се одликува со иновации во полето на одржливоста и дигитализацијата. Новиот BMW Серија 7 создава напредни начини за уживање во задоволството при возењето, ненадмината удобност при патувања на долги релации и врвно дигитално искуство. Целосно електричниот луксузен седан е полноправен член на семејството на овој модел и јасно покажува како ексклузивното искуство при возењето и врвното чувство на удобност во автомобилот може да се комбинираат со безрезервна посветеност на одржливоста.

Новиот BMW Серија 7 се карактеризира со модерен стил, што се фокусира на најважните елементи во дизајнот на надворешноста и на внатрешноста. Иновативните елементи, како што се BMW Theatre Screen, генерација BMW iDrive, BMW Curved Display  и Manoeuvre Assistant за автоматско паркирање и маневрирање го нагласуваат прогресивниот карактер на луксузниот седан. Освен поголемото ниво на удобност и уникатниот систем за забава во возилото, опцијата Executive Lounge за задниот дел со оптимизирано накосување на позицијата на седиштето и новата внатрешна лајсна од BMW Individual Merino кожа/кашмир ја максимизира благосостојбата во автомобилот. Но уште неколку поважни иновации го дополнуваат единственото искуство, — монолитен дизајн на површината, BMW илуминирана бубрежна решетка, Iconic Glow кристални предни светла, автоматско отворање и затворање на вратит, висок процент на природни на рециклирани материјали, два електромотори со системска моќност од 400 kW/ 544 КС, електричен опсег до 625 km. Sky Lounge панорамски стаклен покрив со LED светлосни линии, 5-5-инчни екрани на допир на задните врати и безброј прогресивни иновации, кои го подобруваат корисничкото искуство, поврзаноста и одржливоста на автомобилот.

BMW XM e новиот израз на М моќта, но овој пат електрифицирана.
Тој е најголемото изненадување и новиот освоен врв на компанијата за 50 годишнината на BMW M. Надворешниот дизајн на BMW XM е израз на ексклузивност, појава и перформанси. Пропорциите на модерен SAV, моќните контури, динамично издолжената силуета, белезите на дизајнот, типични за М, но и елементи карактеристични за моделите од луксузниот BMW сегмент и многубројните впечатливи акценти, му даваат на XM уникатно екстровертна аура. Новоразвиениот M HYBRID погонски систем, екстравагантниот дизајн и прогресивниот луксузен амбиент во BMW XM се соединуваат за да создадат нова интерпретација на концептот за SAV за сегментот со високи перформанси, што ќе им го направи достапно неспоредливото М чувство на нови целни групи и пазари.

BMW XM LABEL RED е најмоќниот BMW M модел некогаш направен. Најмоќниот сериски произведен автомобил за патишта во историјата на BMW M GmbH има системска моќност од 550 kW/748 кс (добиени со комбинација од мотор со внатрешно согорување со моќност до 430 kW/585 кс и електричен погонски систем со до 145 kW/197 кс). Производството на BMW XM започна во фабриката на BMW Group во  Спартанбург во САД во декември 2022 година, а во продажните места насекаде низ светот ќе биде достапен во пролетта 2023 година.

Претставените модели на  новиот BMW Серија 7 се веќе во продажба во Македонија. Опсегот на новиот BMW 7 опфаќа бензински и дизел мотори, како и модели од BMW i и BMW M брендовите.

Извор: М Кар

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања.…