Светот се менува, а со него и ЕОЅ: ЕОЅ Матрих Македонија со нов, модерен и динамичен бренд 

Како компанија која сака да ги промени финансиите на клиентите, партнерите и на корисниците кон подобро, а со цел сè поефикасно управување со побарувањата, ЕОЅ Матрих ДООЕЛ сега чекори во новиот свет на брендот ЕОЅ чиишто главни обележја се динамиката, дигитализацијата и намерата за обликување на иднината. Овие обележја се најдобро искажани во новото тврдење на ЕОЅ Матрих: „Ги менуваме финансиите кон подобро.“.   

Својата амбициозна цел, да ги промени финансиите на подобро, ЕОЅ Матрих ја остварува преку секојдневно иновирање и развој на подобри идеи, подобра технологија и подобро разбирање на информациите.  

Како членка на ЕОЅ Групацијата која се одликува со разноличност и разновидност, новиот бренд на ЕОЅ Матрих јасно ја покажува поготвеноста за промена предводена од технологијата и иновациите. Во своите нови подеми, ЕОЅ Матрих се впушта задржувајќи ги своите препознатливи вредности и највисоки стандарди во работењето и продолжува да обезбедува софистицирани решенија за управување со побарувањата во банкарскиот сектор, секторот телекомуникации, недвижности и е-трговија.  

Прочитајте повеќе за ЕОЅ Матрих Македонија на: https://mk.eos-solutions.com/ и следете ги ЕОЅ Матрих Македонија на facebook: https://www.facebook.com/eosmatrixmk  

Дознајте повеќе за ЕОЅ Групацијата на: https://eos-solutions.com/

Извор: ЕОС Матрих

0 Shares:
You May Also Like