Синпекс и Liebherr: 13 години успешна соработка за достава на водечка машинска флота кон ЕЛЕМ

Во текот на последните години, соработката помеѓу македонската компанија Синпекс и водечкиот производител на кранови, разладни тела и индустриски компоненти, Liebherr, е вистински пример за успешна и долгорочна партнерска врска. И двете компании се фокусирани на оваа историја на успех, која ја претставува не само како сооднос на две компании, туку и како патека кон развој и напредок на македонскиот пазар на машини и механизација.

Liebherr, со своето децениско искуство и одлична репутација во индустријата, се докажа како водечки европски производител на машини со висока ефикасност и издржливост. Неговите кранови, разладни тела и други индустриски компоненти се прецизно дизајнирани и изработени, пружајќи надежен перформанс и задоволувајќи стандарди на највисоко ниво. Во Македонија, назастапени се машините на Liebherr кои го нашле свој пат кон широк спектар на индустрии, како нови така и како половни машини, нудејќи непрекината поддршка на работењето на бројни претпријатија и проекти. Во однос на гореспоненатата ефикасност и издржливост Liebherr е ненадминлив.

Соработката помеѓу Синпекс и Liebherr започнува пред 13 години, со Синпекс како доверен генеларен застапник на Liebherr машини на македонскиот пазар. Со почетната посветеност и стремеж за квалитет, Синпекс се разви во компанија која денес е позната како еден најголем застапник на земјоделски, градежни и индустриски машини и опреми во регионот. Од скромните почетоци како застапник на ситни машини и земјоделски алатки, Синпекс успеа да се издигне до статусот на една од топ 5 компании на балканот, што е резултат на иновативноста, ангажманот и непрекинатиот стремеж за задоволување на потребите на клиентите.

Успешната спработка меѓу овие компании донесе значајна добивка за ЕЛЕМ, најголемиот производител на електрична енергија во регионот. Новата флота на багери и машини ќе го подобри капацитетот и ефикасноста на компанијата, што е од големо значење за стратегиското функционирање на ЕЛЕМ и неговиот придонес во енергетската инфраструктура на државата.

Овој успех не би бил можен без лојалноста и довербата меѓу партнерите. Синпекс и ЕЛЕМ, двајца претставници на македонската бизнис сцена, докажаа дека долгогодишните односи и соработка се од суштинско значење за постигнување на високи стандарди и резултати. Ова докажува дека само преку доверба меѓу компаниите може да се остварат долгорочни успеси и иновации.

Извор: Синпекс

0 Shares:
You May Also Like