Континуирано одговараме на новите трендови и барања на клиентите за корпоративни придонеси за одржливост и климатски прашања. Сите Маркарт локации преземаме различни активности за да ја исполниме визијата на компанијата за намалување на јаглеродниот отпечаток и подобрување на корпоративниот идентитет.
Во фабриката на Маркарт Македонија го инсталиравме најголемиот фотоволтаичен систем на ниво на групација. Вкупниот производствен капацитет на фотоволтаичниот систем е 957 kW електрична енергија произведена од 1.773 панели. Фотоволтаичните панели се поставени на монтажна конструкција која е прикачена на постоечката покривна конструкција на површина од 4.582 m2.
Овој голем чекор ја карактеризира решеноста на Маркарт Македонија да го зголеми количеството на производство на електрична енергија од обновливи извори и да ги намали финансиските ризици и зависноста од фосилните горива.
Извор: Маркарт Македонија