„Т’га за југ“ на „Тиквеш“ – Половина век поезија во чаша

„Т’га за југ“, најпродаваното вино на Винарската визба „Тиквеш“, годинава го прослави својот 50-годишен јубилеј. Создадено во 1973 година, во чест на поетите што учествуваат на Струшките вечери на поезијата, ова вино оттогаш испишува винска историја и со својата безвременска убавина воодушевува бројни вински љубители.

Кога поезијата е инспирација за создавање на автентична винска креација, се чини дека успехот е неминовен и за тоа говори неговата голема популарност во целиот регион, во текот на овие пет децении.
Исто како што стиховите од истоимената поема на Константин Миладинов ги будат емоциите, така и виното „Т’га за југ“ ги возбудува сетилата и ја топли душата.

Уникатната приказната на ова вино е длабоко вкоренета во богатото наследство на македонското поднебје, спојувајќи ги сите карактеристики што ја прават нашата земја посебна – природните убавини, топлото сонце и сензибилитетот на нашите луѓе. Нив ги опеал Миладинов во својата песна, но исто така се преточени и во виното „Т’га за југ“, а резултатот е неповторлив вкус и квалитет. Произведено од сортата вранец, „Т’га за југ“ плени со интензивната црвена боја и комбинацијата на вкусови на зрели цреши, малини и суво грозје.

Во чест на јубилејот во последните месеци од оваа година, виното „Т’га за југ“ е во продажба со оригиналната етикета од ‘73 година.

Винарската визба „Тиквеш“, со желби за среќна и успешна Нова година, ги честита празниците токму со ова вино.

Извор: Тиквеш

0 Shares:
You May Also Like
Read More

EOS Matrix ја најавува презентацијата на истражувањето „Европски платежни навики 2022“ и ја истакнува важноста за професионалното управување со побарувања

EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, на почетокот на декември оваа година ќе ги презентира и објасни веќе…