Технологијата како движечка сила во здравствениот сектор

Со оглед на безбројните промени и неодамнешни иновациии во полето на здравствениот сектор,  многумина ќе се согласат дека „технологијата е една од главните движечки сили за подобрување на здравствениот сектор“.

Напредокот во технологијата влијае врз многу аспекти од нашиот живот, а денес им овозможува на медицинските организации и компании да развиваат нови алатки, да најдат иновативни начини за практикување медицина во иднина и да го подобрат квалитетот на грижа и ефикасност за своите пациенти.

Еден од најопипливите начини каде технологијата има направено видливи промени во поглед на здравствената заштита е достапноста за лекување. Во иднина, се предвидува дека со користење на технологија во здравствениот сектор ќе се отворат патишта за истражување што ќе им овозможат на експертите да ја направат здравствената заштита понасочена и поефективна како никогаш досега.

Друга клучна област што бележи раст е грижата за пациентите. Денес, напредокот на технологијата придонесува грижата за пациентите да биде побезбедна и посигурна во повеќето апликации.

Еден таков пример е користењето на рачни компјутери од страна на здравствените работници кои во реално време внесуваат важни податоци за своите пациенти и потоа ја имаат можноста веднаш да ја ажурираат медицинската историја за пациентот.

Способноста да се соберат лабораториските резултати, медицинската документација и други важни податоци за пациентите во едно централизирано место, го подобрува нивото на грижа и ефикасност што пациентот го добива штом влезе во здравствениот систем.

Еден од нашите последни проекти е соработката со нашите партнери MedKitDoc, со кои работиме на развивање на мобилна апликација која комбинира медицински консултации „од далечина“ со помош на сертифицирани медицински помагала. 

Ова им овозможува на медицинските лица да имаат пристап „од далечина“ до важни податоци и параметри за своите пациенти. На тој начин се намалува ризикот од инфекции, се заштедува драгоценото време на пациентите и им се овозможува на медицинските лица да работат од каде било. Ова е само еден од многуте примери како развојот на софтверски решенија во здраствениот сектор може да го подобрат квалитетот на грижа и ефикасност за пациенти.

Интертек е ИТ компанија која игра клучна улога за развој и успешност на бизниси како партнер за софтверски решенија. Нашата експертиза за индустријата и клиентот ни овозможува да создаваме иновативни софтверски решенија и успешно да ја подобриме ефикастноста и ефективноста на нашите клиенти.“

Автор: Тања Златановска, Дигитален Маркетинг Менаџер, Интертек

0 Shares:
You May Also Like