Три прашања до компанијата АК-Инвест

Можете ли да ни ја претставите компанијата АК-Инвест во неколку реченици?

АК-Инвест е градежна компанија со искуство и знаење. Професионализмот го сфаќаме сериозно. Нашата визија е да создадеме стабилна и професионална компанија посветена на имплементација на нашите проекти. Нашата стратегија е секогаш да имаме модерна и соодветна механичка опрема, доверлив персонал како и да ги имаме сите потребни лиценци кои се во согласност со меѓународните стандарди.

Кои се вашите тековни проекти?

Во моментов, АК-Инвест како инвеститор се јавува на дел од станбениот комплекс East Gate Living, комплекс од станбени згради во централното градско подрачје на Скопје. Проектот е замислен и реализиран како идеално станбено решение за современиот и динамичен живот. Станбениот објект, која се наоѓа во непосредна близина на трговскиот центар East Gate, вклучува 161 стан и 165 паркинг места.

За што се залага компанијата АК-Инвест?

АК-Инвест има единствена цел, а тоа е да понуди и испорача иновативни, ефикасни и флексибилни услуги и решенија за своите клиенти. Секогаш се стремиме ефикасно да ги постигнеме нашите цели. Нашиот меѓународен тим од експерти може да се справи со сложена логистика и операции кои го поддржуваат нашето портфолио на услуги, каде и кога е потребно. Имаме исклучителни вработени со специфични вештини кои постојано ги исполнуваат стандардите на АК-Инвест за безбедност, квалитет и професионални услуги.

0 Shares:
You May Also Like