Церемонија на потпишување договор за соработка помеѓу Недканн Македонија и Суан Сунанда Универзитет, Тајланд

Недканн (nedcann) е холандската компанија со седиште во Охрид, Македонија која се занимава со одгледување и култивација на високо квалитетен медицински канабис во внатрешни простории. Недканн содржи R&D просторија за научни истражување од 2500 m2 и 30000 m2 во внатрешни простории за култивација по најсовремени фармацевтски стандарди. Основачот и CEO на компанијата Г-динот Стефан ван Гервен (Stephan van Gerven) има повеќе од 30 години искуство во одгледување исклучително високо-квалитетен медицински канабис и неговата и визијата од Недканн е да го донесе на чекор поблиску до пациентите.

На 15 март 2023 година во Бангкок, Тајланд се одржа специјална и ексклузивна церемонија за потпишување на договорот за соработка помеѓу Nedcann LLC North Macedonia и Suan Sunandha Rajabhat University од Тајланд. Учесници беа членовите на Недканн тимот како: CEO Стефан ван Гервен, COO Ненад Ристевски и инженерот Александар Митковски.

Целите на оваа соработка се за да допринесат во промовирањето на соработка со едукативни цели, научно-истражувачки цели како и во медицинската технологија поврзани со медицинскиот канабис. Да се произведуваат, инвентираат и создадат ефективни и ефикасни медицински канабис сорти и да се промовира и помогне соработката во фармацевтски и агрономски цели поврзани со медицинскиот канабис, сè со цел помагање на пациентите и на напредок на медицината и фармацевтската индустрија.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…