Дрекслмајер Македонија Семеен ден

Околу 15.000 гости, вработени и членови на нивните семејства беа дел од традиционалната семејно – компаниска забава на Дрекслмајер локациите Кавадарци и Куманово

Последниот викенд во јуни вработените во Дрекслмајер Македонија заедно со нивните најблиски присуствуваа на „Дрекслмајер Семеен ден“, традиционална семејно – компаниска забава која се одржа во кругот на фабриките во Кавадарци и Куманово.

„Семејниот ден“ на двете локации беше исполнет со богата забавна содржина, настапи на музички ѕвезди како и бројни шаренолики интересни активности за најмалите кои вниманието на гостите го задржаа во текот на целиот ден. Вработените, исто така, им покажаа на своите најблиски каде го поминуваат работното време.

Музичката ѕвезда Каролина Гочева, познати локални бендови како и ди – џеј изведувачи со своите настапи придонеасоа за веселата атмосфера. Гостите низ програмата ги водеа популарните стенд – ап комичари Атанас и Тино кои доброто расположение на присутните го подигнаа на уште повисоко ниво.

Бавараскиот дух можеше да се почувствува на двете Дрекслмајер локации, Кавадарци и Куманово. Компанијата за гостите обезбеди освежителни пијалоци, а сите присутни имаа можност да го вкусат популарниот баварски перек кој е пециво со специфичен вкус и потекнува од областа Баварија во Германија.

Детски насмевки и џагор насекаде. Најмалите уживаа во игрите на бројните детски реквизити, пееја детски песнички и се едуцираа. Темата за заштита на климата и животната средина е во фокусот на Дрекслмајер и токму затоа едукативното катче беше посветено на екологијата и одржливото живеење. Дечињата заедно со реномирани уметници на двете локации изработија постамент – дело од рециклирачки материјали.

„Дрекслмајер е семејна компанија со традиција од над 65 години. Довербата, доверливоста и толеранцијата се централните вредности на нашата корпоративна култура, а нашите вработените се најважниот капитал за компанијата. Нивната експертиза и знаење ги поставуваат темелите за иновации и идна одржливост. Драго ни е што поминавме еден убав „Семеен ден“ заедно со нив поттикнувајќи чувство на заедништво и благодарност“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Своите проекти пред присутните гости ги претставија и учениците кои посетуваат практична настава во рамки на дуалното образование според германски стандарди која се изведува во специјализираните училници во фабриките во Кавадарци и во Куманово и предизвикаа голем интерес не само кај помладите, туку и кај повозрасните.

„Семејниот ден во Дрекслмајер е одлична можност да се дружиме и да се забавуваме. За децата особено интересни беа активностите во детската зона, се запознавме со дел од практикантите кои посетуваат практична настава во нашата компанија, а сите заедно уживавме во добарата музика“, рече Даниела Темкова, вработена на Дрекслмајер локацијата Кавадарци.

Во придружба на водичи, посетителите имаа можност да направат обиколка низ производствените капацитети на фабриките и да видат каде нивните најблиски го поминуваат работниот ден. „Јас, како вработена на Дрекслмајер локацијата во Куманово, за прв пат присуствував на семејно – компаниска забава. Атмосферата беше одлична. Дојдов заедно со моето семејство, а децата беа неизмерно среќни. Не само што се забавуваа, туку имаа и можност да видат каде работам“, вели Назан Нуредини.

Извор: ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…