Започна со работа новиот објект на Фармахем на „Шар Планина“ 20 

Големо задоволство ни е да соопштиме за нашето просторно проширување на нова локација.

Новиот објект од 2.100 m2 за Лабораторијата за животна средина, Сервисот за медицинска опрема и Магацинот се наоѓа на ул. „Шар Планина“ 20 во Ѓорче Петров. Дирекцијата со комерцијалните сектори и секторот за еколошки консалтинг се и натаму на поранешната локација на Кичевска 1.

По поминатите оценки за акредитација во новиот објект за ISO 17025 за Лабораторијата за животна средина (од 2010) и ISO 9001 за Фармахем (од 2003), прославивме на колегијално дружење во новиот објект.

Архитекти на објектот на Фармахем на ул. „Шар Планина“ 20 се проф. д-р Коробар Влатко и диа. Коробар Војдан, а изведувач е компанијата Бортас. За само 1 година изведоа современ објект, енергетски ефикасен, со многу пријатен амбиент за работа според нашите потреби задоволувајќи европски стандарди.

Ќе ни биде задоволство да нè посетите на обете локации за да ја продолжиме нашата досегашна успешна соработка и воспоставиме нови мостови на соработка.

Фотографија: Небојша Гелевски-Бане (Кома) и Драгољуб Николовски.

Извор: Фармахем

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Property One Furniture

Дозволете Molto Luce да го трансформира вашиот простор во елегантен и функционален амбиент, креирајќи пријатна атмосфера што ќе…
Read More

25 години ФУКС Македонија

ФУKС Македонија одбележа значаен јубилеј славејќи го својот 25-ти роденден што се одржа во Скопје во ресторанот “Рагуса…
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…