Од Земја без излез на море до целосна поморска поврзаност: Како решението ,,Short Sea” е приспособено за македонскиот пазар од страна на МСЦ

За земја без излез на море како што е Северна Македонија, кратката морска пловидба можеби не изгледа како најочигледен начин на транспорт кај клиентите кои сакаат да увезуваат и извезуваат стоки. Сепак, благодарение на обемната мрежа на пристаништа и интермодалниот транспорт на MSC, како и на нашиот посветен тим од експерти, ваквиот начин на транспорт станува реална можност за организирање на пратки од/кон Европа.
Со широката палета операции и нашата обемна мрежа, нудиме локална специјалистичка поддршка и целосни решенија за Вашите потреби по принципот ,,од врата до врата”.
Како светски лидер во глобалниот контејнерски превоз, ние сме посветени на овозможување услуги кои го одразуваат нашето разбирање на уникатните логистички барања.

Производот ,,Short Sea” нуди многу придобивки за ланците на снабдување на клиентите, вклучувајќи зголемена флексибилност, заштеда на трошоци, помал отпечаток на јаглерод диоксид и помал ризик од кражба, оштетување или контаминација.
Благодарение на нашата разновидна палета на услуги, обезбедени преку клучни пристаништа за товарење во регионот, можеме да овозможиме безбедно ракување со товарот на клиентите во секоја фаза од патувањето.
,,Short Sea”, исто така, помага во декарбонизација на логистичкиот синџир на снабдување, обезбедувајќи привлечна алтернатива на друмскиот транспорт, избегнувајќи сообраќајни задржувања и нудејќи помали емисии на CO2 по тон на километар во споредба со другите видови транспорт.

И конечно, нашите посветени експерти за кратка морска пловидба се тука да обезбедат специјалистички совети и услуги прилагодени на Вашите потреби за кратка морска пловидба, правејќи го изборот на море полесен од кога било.
Искористете ја стручноста на водечкиот европски тим за ,,Short Sea” на MSC и започнете го своето патување денес.

За подетални информации обратете се на нашата локална експертка Emilija Shukriu ([email protected]) или дознајте повеќе на European & Short Sea Network | MSC

Извор: МСЦ

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Катарина Николов, ФОРТОНМКА: Создаваме влијание низ активно учество во најзначајните проекти кои го обликуваат пазарот на недвижности

Како менаџер и лидер во ФОРТОНМКА уште од самите почетоци, како вашите претходни искуства го обликуваа пристапот што…