Официјално отворање на нова Поликлиника во склоп на ПЗУ Специјална болница Д.мед Медикал

Д.мед Медикал претставува интернационална здравствена установа и е дел од Германска групација D.med Healthcare, и е прва германска инвестиција во С. Македонија, која спроведува германски стандарди и протоколи при дијагностика и лекување.
Во тек на изминатата година, со неуморна работа и преземање големи чекори кон подобрување на условите за своите пациенти, ПЗУ Специјална болница Д.мед Медикал изгради нова болница на нова локација во СП Планет со проширување на својот состав, така што покрај функција како Специјална Болница по нефрологија со дијализа, сега ги нуди следните услуги во склоп на новата поликлиника:

  1. Висококвалитетни индивидуализирани дијализни третмани во соработка со ФЗОРСМ.
    Во Д.мед Медикал се достапни два вида третмани за дијализа: хемодијализа и хемодијафилтрација.
  2. Кабиент за нефрологија и хипертензија (дијагностика и преддијализно водење)
    Во овој оддел може да ги добиете следниве амбулантски прегледи и процедури: микроскопска анализа на уринарен седимент со нефролошко толкување и советување, ехо преглед на уринарен систем, надбубрежни жлезди и простата, поставување и промена на уринарен катетар, нефролошко следење и терапија кај посебна група пациенти, третман на артериска хипертензија.
  3. Кабинет за гастроентерохепатологија (дијагностика и ендоскопија)
    Овој оддел располага со услуги како преглед или консултација со супспецијалист – гастроентерохепатолог, ехо на абдомен, гастроскопија, колоноскопија, ректоскопија и аноскопија.
  4. Кабинет за кардиологија (дијагностика со современа апаратура) кој нуди комплетен кардиолошки преглед вклучувајќи: ЕКГ- Електрокардиографија, Ехокардиографија, Коронарен стрес тест, 24-часовен холтер ЕКГ мониторинг на срцевиот ритам, 24-часовен холтер мониторинг на крвен притисок, електрофизиологија и техничка контрола на пејсмејкер.
  5. Кабинет за дерматовенерологија и естетика кој нуди специјалистички прегледи и дијагноза на дерматолошки и венерични заболувања, но и естетски консултации и третмани.
  6. Медицина на трудот со детални, навремени и прецизни систематски прегледи, менаџерски и топ-менаџерски пакети, обуки за прва помош на работници и издавање сертификати, издавање лекарски уверенија за вработување и за патување и студирање во странство.
  7. Модерна биохемиска лабораторија во соработка со ФЗОРСМ
    Организациската поставеност ги следи ISO стандардите за квалитет на лабoраториска дејност (ISO 15 189), со автоматизиран и информатички интегриран систем за работа, со што овозможува брза дијагностика и достава на резултатите.
  8. Дневна болница
    Болницата поседува сертификат за квалитет според стандардот ISO 9001:2015, ICS, IQNET сертификат.

Ивор: Д.мед Медикал

0 Shares:
You May Also Like
Read More

25 години ФУКС Македонија

ФУKС Македонија одбележа значаен јубилеј славејќи го својот 25-ти роденден што се одржа во Скопје во ресторанот “Рагуса…