Во ерата на паметни и поврзани технологии, користењето на паметен систем за мерење и управување со електрична енергија е иднината на енергетската индустрија и услуги. Македонски Телеком, следејќи ги технолошките трендови, е секогаш подготвен да го прифати предизвикот и на своите корисници да им ги донесе најновите светски иновации. SEMM (Smart Energy Metering and Management) е дел од најновото портфолио на иновативни продукти на Македонски Телеком, чија цел е на деловните корисници да им овозможи паметна контрола на потрошувачката. Решението е во целост развиено од Македонски Телеком и е наменето за деловни субјекти кои користат електрична енергија, но и за оние кои произведуваат електрична енергија со помош на соларни панели/централи со цел да се оптимизираат трошоците околу енергијата. Целосно е интегрирано со HUPX берзата на електрична енергија, со што на деловните субјекти им дава можност да користат струја од мрежа во зависност од цената на берзата, или од други алтернативни извори на енергија. Паралелно им ги дава сите релевантни параметри за квалитетот на енергијата, но и параметри за потрошувачите со што планирањето на одржувањето на опремата којашто ја користат е поедноставно и навремено. WEB платформата и мобилната апликација кои се вклучени во решението уште повеќе го поедноставуваат користењето на системот и на деловните субјекти им даваат можност за анализа и оптимизација на потрошувачката на енергијата. Паметно мерење и управување со енергија, за уличното осветлување во Општина Кочани Македонски Телеком реализираше проект со примена на решението за паметно мерење и управување со енергија во Општина Кочани. Во рамките на проектот беа инсталирани контролери за управување и мерење на искористената електрична енергија, коишто покрај самото мерење даваат и голем број на дополнителни параметри: напони на секоја фаза, проток на струја на секоја фаза и моменталната моќност што се користи на секоја фаза, како и информации за вкупната потрошена енергија. Решението вклучува IoT контролер развиен во Македонски Телеком, паметно електрично броило и струјни трансформатори од реномиран светски производител – сите сместени во електро кабинет. Со ова решение, општината доби подобра контрола на осветлувањето, заштеди на електрична енергија, увид во можните злоупотреби на мрежата и секако намалена емисија на CO2 како резултат на овие заштеди. Извор: Македонски Телеком |