Производите на Витаминка пред светската јавност на саемот ISM во Келн

Производите на Витаминка се преставени пред светската и стручна јавност на саемот ISM во Келн, Германија. Компанијата традиционално зема активно учество на овој престижен саем веќе дванаесет години по ред и се претставува со целиот свој асортиман, што предизвикува особен интерес од страна на посетителите.

Саемот претставува одлична можност за Витаминка, да ги продлабочи односите и соработките, како и да се остварат нови контакти со потенцијални дистрибутери ширум светот.

„Настапот на саемот ISM е од големо значење за изложувачите, затоа што ова е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет што прави ISM да ужива репутација на најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука и на тој начин обезбедуваме успешно пробивање и до останатите светски пазари“, вели Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.

И оваа година на ISM се претставени и најголемите технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите. Со над 1 400 изложувачи од 74 земји, саемот нуди опширен преглед на тековните случувања.

Извор: Витаминка

0 Shares:
You May Also Like
Read More

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС

ИНФИНИТИ Енерџи ИТСС е основана во 2020 година како  најмлада членка на Infinity International Group. Главната идеја  која…
Read More

EOS Matrix ја најавува презентацијата на истражувањето „Европски платежни навики 2022“ и ја истакнува важноста за професионалното управување со побарувања

EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, на почетокот на декември оваа година ќе ги презентира и објасни веќе…