Ферал Механика се етаблира на македонскиот пазар

Во 2012 година Ферал Механика е основана како фирма ќерка на Alfer® GMBH од Wutöschingen – Германија. Нашата приказна во С. Македонија започнува со 10тина вработени, додека денес сме околу 90тина вработени.

Ферал Механика се занима со производство на продукти „Наприви Сам (DYI)“, како и со производство на сталажи и скелиња. Нашите продукти можат да се користат за уредување на гаражи или простории за складирање, каде што може да се чуваат бандажи, гуми, велосипеди, лопати, кровни куфери за автомибили, држачи за скии, опрема за градина, итн.

До вчера производството на Ферал Механика беше наменето 100% за Алфер и Европскиот пазар. Од денеска Ферал механика започнува нова историја, првично со продажба на македонскиот пазар. Прв партнер кој ни излезе во пресрет на нашето барање е Меркур Македонија. Тимот на Меркур Македонија нè поддржа во организацијата на целата процедура од започнување на преговорите до поставување на нашите продукти во нивниот маркет.

Со остварување на оваа цел, Ферал Механика стана целосно независна компанија на македонскиот пазар, со желба да се етаблира како производител на продукти кои се уникатни на DYI пазарот, и особено сме горди на квалитетот на нашите продукти. Наша следна цел е проширување на македонскиот пазар, како и во соседните балканските држави.

Извор: Ферал механика

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Прва компанија во Македонија: Синцеритас АД Скопје се стекна со германски EU GMP сертификат – Производство на цвет и екстракт од канабис за големопродажба

Синцеритас АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска…
Read More

EOS Matrix ја најавува презентацијата на истражувањето „Европски платежни навики 2022“ и ја истакнува важноста за професионалното управување со побарувања

EOS Matrix, дел од Групацијата EOS, на почетокот на декември оваа година ќе ги презентира и објасни веќе…