Хајделберг Факултет Скопје

Во рамките на официјалната посета на германската делегација, од страна на раководството на Дуалниот универзитет од Франкфурт – Провадис, беше акредитиран и признаен како нов партнер за изведување на додипломски германски студии ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. Со тоа, Високообразовната установа од Хајделберг во Скопје, заедно со Универзитетот од Франкфурт, започнува едно ново поглавје во неговото децениско постоење, со целосно ребрендирање и реструктурирање. По тој повод организираме настан и ги покануваме членките на Македонско-Германското стопанско здружение бесплатно да земат учество на истиот.

Имено, периодов што следува, предвидена е поинтензивна комуникација со сите чинители на бизнисот и државата, а во насока на соработка за вмрежување на германските и домашни компании, преку новиот концепт на учење и работа, со избрани мерки и програми согласно концептот на дуалното високо образование. Првата јавна дебата е предвидена како панел дискусија, во рамките на Институтот Хајделберг во Скопје, со присустви на Германската делегација од Франкфурт во Скопје, а ќе биде посветена на:
„ГЕРМАНСКОТО ДУАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ И ВРСКАТА СО БИЗНИС СЕКТОРОТ“

Ќе ги дискутираме следните теми:

  • Потреба од трансформација во образовните процеси
  • Недостиг на кадри, младинска невработеност и работна миграција на младите во земјите од ЕУ
  • Адаптација на германскиот дуален високообразовен модел во нашата земја

Настанот ќе се одржи на 28.05.2024 година со почеток во 11 часот, во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје (https://maps.app.goo.gl/UdBAAvVgVwmr5sDx9).

На настанот се поканети и ќе присуствуваат претставници на бизнис заедницата, како и на истиот, се очекува слободна дебата и размена на аргументи помеѓу присутните со цел постигнување на целите наведени во Проектот и оваа покана.

Нашата цел, како германски факултет во Скопје, е да бидеме т.н. „Хајделберг мост“ за внесување на универзитетски дуални студии од Германија, и со тоа, да им обезбедиме перспектива и иднина на младите овде, дома, а на сегашните и идни инвеститори да им покажеме дека имаме вредни, квалификувани и квалитетни кадри.

Вашето учество, потврдете го најдоцна до 27.05.2024
e-mail: [email protected] или на телефонскиот број: 070 355 656.

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Адвокатско друштво Пепељугоски: Индикатори за заштита на правата на интелектуална сопственост за 2021

Светската Организација за Интелектуална Сопственост (СОИС) ги објави индикаторите за заштитата на интелектуалната сопственост за 2022 година (World…