ФУKС Македонија одбележа значаен јубилеј славејќи го својот 25-ти роденден што се одржа во Скопје во ресторанот “Рагуса Руфтоп 360” на 22-ри ноември 2023 година. Во оваа прилика се собра повеќе од 130 гости, вклучувајќи ги ценетите коминтенти, претставници од Коморите на Р. Македонија, претставник од Амбасадата на Сојузна Република Германија и колегите на ФУКС од Полска и Германија, во јубилејна прослава на четврт век на успех и посветеност.
Пред 25 години, визијата на ФУКС се чинеше дека гради само успешен бизнис, но со време покажа дека гради заедница и семејство. И успеавме! И доказ за тоа сте вие, прославувајќи со нас во толкав број.” – рече Бартломеј Хабас, извршен директор на ФУКС Полска, исто така, одговорен за подрегионот, вклучувајќи ја и Македонија. „Фукс Македонија не е голем тим (4 луѓе), затоа е уште поважно да се истакне нивната флексибилност и посветеност на работата. Тие се како џокери во картите, се вклопуваат насекаде, секогаш блиску до нашите коминтенти, истакна Бартоломеј Хабас.
Многу пријателства се формирани во текот на овие 25 години. „Дефинитивно можев да ја видам и почувствувам довербата во нашата компанија, луѓето не само што доаѓаа за прослава на годишнината туку и дојдоа за да се запознаат меѓусебно, да разговараат, да уживаат во настанот, да се сетат на некои “стари” приказни, но и да воспотават некои нови врски” истакна Јана Шмит, регионален ХР менаџер за Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Турција.
ФУКС Македонија е основана во минатиот ве , во 1998 година во Скопје. На почетокот имаше 6 вработени за регионот на Македонија, Србија и Албанија, но по неколку години тимот се сконцентрира на македонскиот пазар и неговиот развој. Во првите години ФУКС беше непознат бренд во Македонија, но со многу труд, време, инвестиции и напорна работа ФУКС се постави меѓу врвните препознатливи брендови на македонскиот пазар.
Горан Кормушоски, извршен директор на ФУХС МАК: “ФУКС во Македонија е најмала подружница во ФУКС ГРУПАЦИЈАТА, но со продажба од над 1 милион евра годишно и со развој на продажната мрежа планираме да направиме многу повеќе. Постигнавме големи резултати на продажба по лице. Сите вработени во ФУКС МАК се со стаж во компанијата повеќе од 15 години и покажуваат лојалност и чувство дека сме дел од големото семејство FUCHS. Малиот, но ефикасен тим има повеќе предности, нашата флексибилност, агилност, посветеност и знаење на производите е нашата моќ пред конкурентите.
Со оглед на тоа што ФУКС Македонија гледа напред кон иднината, таа останува цврста во својата посветеност за испорака на решенија и поттикнување на уште посилни партнерства со своите ценети клиенти.
Извор: ФУКС Македонија