INBOX Archive & Data Center: Tехнологијата е достапна и создава вредност, ако се користи!

Digitalika нов сервис за практично, брзо и правно усогласено форматирање и структурирање на дигитални документи базиран на AI технологија и достапна на cloud.

Inbox Archive Data Center овозможува целосен пакет за дигитизација и дигитално управување на документи, достапен за локалните компании, но и глобално. Продуктот Digitalika е дел од услугите на INBOX базиран на AI OCR технологија која препознава повеќе од 180 јазици. Ова софистицирано модерно решение помага скенираниот запис да се дигитализира, обработи, заштити, соодветно конвертира и создаде „дигитално оригинален“ документ. На овој начин се создаваат дигитални дата сетови со најголема употребна вредност на податоци и информации со кои располагаат компаниите. Сервисите за обработка на документи може да се користат поединечно или во комбинација со други технолошки решенија.

“Кога скенирате документи, вие создавате дигитални слики, тоа сеуште не се дигитални документи. За да скеновите ги промените во документи со правна релевантност, потребно е истите да бидат правилно форматирани, означени и валидирани. Тоа Digitalika го прави автоматски, како сервис или само-послужување“

При самостојно скенирање на документи, Digitalika може да ги прими на повеќе можни начини како медиум, емаил, FTP/STP, web service. Потоа обработените документи компаниите ги добиваат на истиот начин или импортирани во дигитална архива (пр. Digital Office)

Денес технологијата е лесно достапна, на нас останува да ја искоритиме. Бенефити при користење на овој тип на услуга се од голема вредност и значајност за една организација. Се овозможува заштеда на време за финално обработување бидејќи процесот е целосно автоматизиран со еден клик. Обработени документи се добиваат со клучни мета податоци во формат PDFA/3 за трајно архивирање/скалдирање во електронски архиви. На овој начин употребната вредност е зголемена бидејќи документите имаат свој дигитален печат, потпис и потврдена правната валидност на дигитален оргинал, низ чија што содржина може да се пребарува. Со Digitalika многу брзо и лесно документите се генерираат во работни верзии. Сето ова обезбедува супериорна вредност за прогресивните компании, кои го користат широкиот пристап до новите технологии.

Примена на Digitalika како сервис за обработка на документи
Клиент од банкарски сектор – локално

  • Потреба: Обработка и спојување на повеќе различни документи во едно досие кои биле интерно скенирани
  • Искористен сервис за OCR, спојување и конверзија во формат PDF/A-3
  • Обем: повеќе од 1М обработени страници
  • Изработени за помалку од 150 часа
  • Начин: добиени на медиум, импортирани во дигитална архива Envision и Digital Office на INBOX

Клиент од правен сектор – глобално

  • Потреба: Конверзија на документи од повеќе јазични содржини
  • Искористен сервис за генерирање на работни верзии на документи
  • Обем: 12К страници
  • Начин: добиени и испратени на маил и web service

Digitalika ќе ви помогне без никаква инвестиција во технологија или знаење да создадете поголема вредност од дигиталните документи што ги поседувате. Независно дали се работи за стандардни обработки на формати или сценарија прилагодени за вашите потреби, ќе добиете сигурнa прецизност и едноставност во работата.

Користете Digitalika, за да ја искористите вредноста на вашите дигитални документи.
Повеќе информации и пристап за тест на [email protected]

Извор: ИНБОХ Архивски Дата Центар

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Македонија чекор пред сите во светот – Пуштена во употреба најголемата автоматска линија за резервоари за гас и водород

Производната линија на македонските инженери од компанијата „Микросам“ се истакна како прва на листата на светски иновативни достигнувања.…