MSC – Превоз на вашиот товар на најбезбеден начин

Транспортот не доаѓа без ризици, на море или на копно и MSC го разбира финансискиот и емоционалниот стрес предизвикан од загубата или оштетувањето на товарот. Како дел од нашата персонализирана услуга за клиентите, нашето решение за Проширена Заштита е дизајнирано да ви обезбеди најширок можен опсег на покриеност за поморскиот и копнениот транспорт.

Освен нашата способност да обезбедиме глобална достава од врата до врата насекаде во светот, го додадовме решението за Проширена Заштита во нашето портфолио на услуги за ваша сигурност и заштита на вашиот ланец на снабдување. Тоа е достапно за голем број категории на товари кои се превезуваат со MSC на различни дестинации ширум светот.

MSC Проширена Заштита не е осигурување, меѓутоа, таа нуди дополнителен слој заштита во случај на загуба или оштетување на вашиот товар додека е под грижата на MSC, со проширување на условите за превоз на стандардниот коносман на MSC. Доколку има потреба, може да се комбинира со осигурување на товар, бидејќи не влијае на него и претставува одлична дополнителна услуга која ве заштитува од потенцијална финансиска загуба поради оштетување или загуба на товарот.

Услугата се базира на холистички пристап и целиот процес е едноставен и лесен. Избирајќи ја оваа услуга, нудиме конкурентни цени, брзо обработување на потенцијални барања за штета (нашата цел е просек од 30 дена од завршувањето на поднесувањето до решение), и една иницијална точка – посветен претставник на MSC.

MSC неодамна ја воведе услугата, Проширена Заштита (EPR) во Северна Македонија, и клиентите веднаш ги препознаа предностите од изборот на EPR, бидејќи обезбедува дополнителна заштита по прифатлива цена за секаков вид товар на различни меѓународни маршути.

Нашиот тим на експерти во канцеларијата во Скопје е на располагање да предложи оптимални транспортни решенија за секој клиент, заедно со дополнителни услуги. Посветениот советник во нашата локална канцеларија ќе има целосно внимание на вашата резервација од почеток до крај, обезбедувајќи најдобра можна цена за Проширена Заштита и во случај на било каква штета, работејќи на брзо решавање на барањето.

Доколку имате потреба да го превезете вашиот товар до било која дестинација во светот, нашиот локален тим на експерти ќе ви биде на располагање за да предложи најдобро можно решение. За да дознаете повеќе за начините како да го заштитите вашиот товар, посетете ја нашата страница за Проширена Заштита Extended Protection page.

Извор: MSC

0 Shares:
You May Also Like
Read More

Охридско лето и оваа година беше културна екстраваганција – Виталиа ги поддржа уметниците од „Охридско Лето“ со здрави продукти

На 12 јули покрај Охридското езеро беше отворено 63-тото издание на повеќедневниот уметнички спектакл „Охридско лето“. Фестивалот оваа…